Момците на Будимир Адријана денес на турнирот во Брчко, Босна и Херцеговина играа дуел за пласман, тие во мечот за 7.место се сретнаа со силниот тим на кадетите на Веспрем. Одигравме одлично со силниот ривал кој играше цврсто и ги добивме со 21-20 (11-10) со што на најубав начин го завшивме овој турнир.
Ова беше една од најдобрите престави на турнирот за црвено-црните момци. Тие покажаа зрелост, изиграа маестрално во одбраната каде “газевме“. Нападот беше на високо ниво на овој дуел. Уште од самиот почеток преземавме иницијатива и водевме константно со 2-3 разлика. На полувреме заминавме со минимална предност 11-10 во наша корист. Постојано го контолиравме дуелот, игравме навистина квалитетно и зрело како колектив.
Водевме и на почетокот од вториот дел се до 35.минута кога имамве 17-15 во наша корист. Поради две наши технички грешки Веспрем успеа да направи серија 0-4 со која го презема водството и поведе со 17-19 што ни беше голем проблем. Сепак нашиот тренер побара тајм-аут и подели корисни совети, по кои како по книга со прекрасни акции изедначивме за брзо на 19-19, момците во одбраната беа цврсти. Во финишот противникот конечно погоди и поведе со 19-20, а ние веднаш вративме со гол за 20-20. Тие имаа “меч топка“ сепак ние се одбраниевме и преку Трајчевски со “проектил“ од над 10.метра погодивме за победа со 21-20. Момците одиграа прекарсен дуел, а нашиот тренер маестрално го водеше тимот во текот на цел дуел.
Најдобар стрелец кај нас повторно беше Бојан Чакалиќ со шест гола, пет погодоци имаше Павловски, Савревски и Димитриевски погодија по четири пати, а по еден гол впишаа Трајчевски и Мишевки.