Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Јованов, тренер во ФК Плачковица- Учеството во “Вардар Јуниор лигата“ е голем бенефит за нашата школа

Јованов, тренер во ФК Плачковица- Учеството во “Вардар Јуниор лигата“ е голем бенефит за нашата школа

Како и ракометниот така и фудбалскиот клуб Вардар ширум земјава создаде регионални школи. Истите се натпреваруваат во фудбалската “Јуниор лига“. Фудбалската школа на Плачковица од град Радовиш, од годинава е член на семејството на “Вардар Јуниор Лигата“. Овој проект кој што од година во година добива се повеќе членови, а Плачковица изрази задоволство што е дел од црвено-црното семејството. Разговараме со еден млад тренер од оваа школа, Ристе Јованов. Тој ни ги дава основните податоци за оваа регионална школа:

Фудбалската школата постои од постоењето на самиот клубот Плачковица. Бројот на деца кои тренираат во нашиот клуб брои околу стотина, кои во иднина посакуваат да бидат врвни фудбалери на Вардар и на македонската фудбалска репрезентација. Според нашиот план и програма се  тренира три пати неделно, a за викенд имаме натпревари. 

Одоговорите на тоа кој е тренерскиот кадар со кој располага ова школа и мотивот да се приклучи кон Јуниор лигата, ги дознаваме во продолжение од Јованов, тој вели:

Во школата работиме тројца. Jас Ристе Јованов работам со најмладата категорија, потоа Коце Владев кој работи со средната категорија и г-н Ѓорѓи кој работи со највозрасните фудбалерчиња. Квалитетот на проектот  “Вардар Јуниор“ лигата беше основен  мотив кој што придонесе овој тим да се приклучи кон истиот.  Голема е  желба кај децата за играње во таа лига, која што придонесува за правилен фудбалски развој на младите таленти. Самите деца беа радосни кога дознаа дека ќе играат во лига под покровителсво на големиот ФК Вардар, кој сите знаеме дека е број еден бренд во македонскио фудбал.

jun2

Фудбалската Вардар јуниор лига носи придобивки за сите членови во истата. Таа е замислена како одличен проект, кој носи  придобивки, впечатоци од чуеството во истата има Плачковица и напредокот кој е постигнат е следен:

-Голема е добивката за нашата мала школа, иако само од  неодамна сме дел од “Вардар Јуниор Лигата“ поради тоа желбата и  интересот е зголемен за наши нови членови. Бројот на децата кои тренираат нагло се зголеми.  Тоа што сме дел од проектот на Вардар, донесе уште поголем интерес во Радовиш,  сега кога сме дел од оваа лига очекувам секое дете кое сака да игра фудбал да се приклучи на нашиот тим, Напреварите на турнирите а и најавите за кампот на кој нашите деца посебно се радуваат ја подигнува постојано нашата игра и квалитет на момците. Условите кој ги овозможува проктот Јуниор лига, дресови, турнири се навистина нешто ново во земјата нешто кое мора да се пофали.

Михајло Тушевски