Во недела на арената “Филип Втори“ ќе се одигра Македонското фудбалско дерби помеѓу екипите на Вардар и Пелистер. Ова е натпревар од 26 коло во ПМФЛ, кој ќе започне во 16 часот. Веќе е одреден главниот арбитар за ова дерби, а него ќе го суди Димитар Мечкаровски.
Вардарци се во серија на победи, која се надеваме деќа ќе продолжи и на неделното дерби, со што би се заврстиле на врвот на табелата, каде во овој момент имаме девет бода повеќе од Шкендија.