Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > “Плус три” за Кадетите на Колев, втора победа по ред
“Плус три” за Кадетите на Колев, втора победа по ред

“Плус три” за Кадетите на Колев, втора победа по ред

Кадетите на Вардар предводени од Колев, стигнаа до втората последователна победа, откако во неделата славеа на гостувањето во Струмица, против екипата на Академија Пандев. Денеска црвено – црните се радуваа на победа против тимот на Шкупи 3:1 (3:1).

ФК Вардар: Тимевски, Радевски, Калчиноски, Пешевски, М.Младеновски, Ѓурковски, Дарлишта, Адем, Благојевиќ, Димоски и Ибиши. Играа уште и : Илиевски, Димов, Хасановиќ, Манасиевски, Младеновски, и Филиповски.

Првото полувреме ги донесе сите голови на оваа средба, прв кој погоди и го отвори резултатот на овој дуел беше брзоногиот играч на Вардар, Кренар Дарлишта за 1:0 во 15.минута. Потоа следуваше и дуплирање на предноста на Вардар преку Бојан Димоски 2:0 во 24.минута. Гостите од Чаир на овој дуел, се вратија со гол минута потоа  за намалување на резултатот на  2:1. За мирни “плус два” (3:1) на полувреме се погрижи Џемаил Ибиши, тој погоди во 44.минута од дуелот.

Во вториот дел Вардар успеа да ја сочува предност од два гола и да слави значајна победа во борба за првите места со екипите на Шкендија и Македонија ЃП.