Тимот на Вардар го заврши есенскиот дел од шампионатот во ПМФЛ на втората позиција. Црвено – црните оваа есен имаа многу згуснат распоред пред себе бидејќи играа уште на два фронта.
Оваа есен тимот на Вардар одигра вкупно 18 првенствени натпревари, постигна 32 погодоци а прими 16 што ги прави најдобра одбрана во лигата. Нашиот тим се радуваше на 12 победи, 2 пати ремизираше а беше поразен на четири наврати.
Комплетна статистика на сите играчи кои настапија оваа есен во дресот на Вардар и постигнаа голови:
Голмани: Гачевски 14 натпревари, Алексовски 4.
Одбрана: Грнчаров 9 (1), Новак 9, Глишиќ 6, Тодоровски 10, Брдаровски 2, Попов 4, Муслиу 11 (1), Велковски 10, Демири 10 и Хамбарџумјан 10 (2).
Среден ред: Фелипе 18 (7), Николов 10, Глигоров 13 (1), Марковиќ 13, Исени 7 и Стојчевски 10.
Напад: Максимов 11 (3), Итало 11 (3), Стојков 9 (1), Петковски 3, Блажевски 15 (5), Колевски 1, Џигаури 13 (1) и Барсегјан 17 (5).