Во тимот на Вардар низ фудбалската историја минале безброј многу странци, но ретко кој од нив се задржал и останал забележан во историјата на клубот.
Таква не е ситуацијата со бразилецот Вандаир кој го памети цела црвено – црна армија на навивачи, играч кој настапуваше со срце за Вардар, играч кој има постигнато највеќе погодоци за Вардар во едно европско натпреварување. Покрај Вандаир, на оваа фотографија е уште еден незаборавен фудбалер од Бразил, станува збор за легендарниот дефанзивец Брага кој настапуваше долги години во Вардар па дури и имаше неколку настапи за македонската фудбалска репрезентација.
Покрај нив двајца, тука се и Деилсон и Зе Карлињос Фиљо. И овие двајца играчи неколку сезони ги носеа дресовите на Вардар и имаа забележителни улоги.
Им благодариме што и во далечниот Бразил не го забораваат својот омилен клуб, секоја чест за оваа фотографија!