Денес се одиграа полуфиналните дуели на турнирот “Илинден 2017“ кој е во организација на РК Илинден – Вардар, кој е дел од академијата на РК Вардар. Организацијата беше на највисоко ниво и ова треба да биде само поттик и за другите ракометни школи од цела Македонија да организираат вакви турнири. Кај генерацијата 2004/2005 година веќе се познати финалистите домаќинот РК Илинден Вардар и тимот на РК Бисинов Вардар од Велес.
РК Илинден Вардар обезбеди финале совладувајќи ја екипата на РК Аеродром во првиот полуфинален дуел. Први со гол дуелот го отворија Илинденци кои потоа успеаа да поведат и со 3-0 на самиот почеток. Следеа минути во кои се играше игра гол за гол на двете страни, двата тима постигнаа по три гола и на семафорот во салата “Гоце Делчев“ во нас.Илинден стоеше 6-3 за домаќиниот на турнирот. Во продолжение противникот од Аеродром имаше период во кој беше поактивен и успеаа да намали на 8-7. Двата тима се бореа за финале во игра гол за гол, во финишот влеговме со истата минимална предност од еден гол за илинденци, 12-11. Во последните минути од првиот дел момците на Дарко Јанев успеаа да го удвојат предноста и на одмор заминаа со 14-12.
Вториот дел почна повторно како и првиот со три последователни гола на РК Илинден со кој се одлепија на комотни “плус четири’, 17-13 по само 4.минути ракомет во вториот период од ова полуфинале. Аеродром се обиде да се врати и побара тајм-аут по кој намали на 17-14, но илинденци влегова во ритам и направија сеија 4-0 по која поведоа со резултат 21-14. Веќе се беше јасно они доминираа, а нивниот ривал постојано каснеше во сите сегменти на играта. Од минута во минута ни раснеше предноста, најголемата предност од “плус 11′ момците на брачниот пар Јанев ја имаа на 6.минути пред крајот кога поведоа со 27-26. До крајот се беше рутина, илинденци се опуштија поради големото водство, но победата неможеше да се загрози. РК Илинден обезбеди финале со триумф од 28-22 над Аеродром. Кај победникот прв стрелец беше Андреј Петрушевски со 10 гола, а Александар Стојменов постигна 6, кај поразените Џамбазов имаше 5 погодоци.
Во второто полуфинале се екипата на РК Бисиновод Велес по изведување на пенали, откако регуларниот дел заврши реми, дојде до победа и пласман во финалето. Тие во пенал “рулетот“ ја совладаа екипата на РК Карпош од Куманово во еден навистина интересен дуел.
Први со гол дуелот го отворија кумановци кои поведоа со 1-0, веднаш велешани изедначија на 1-1. Едниот тим поведуваше и секогаш другиот успеваше да изедначи, па резултатот беше постојано нерешен (2:2, 3:3, 4:4, 5:5 и на крајот 6:6). Бисинов успеа да се одлепи со два последователни гола на 6-8 потоа. Од минута во минута до крајот тие ја контролираа играта и полека го зголемуваа водството, па на одмор заминаа со “четири плус“. Тие на пауза отидоа со предност од 16-12.
Вториот дел почна со гол за кумановци кои намалија на 13-16, но Бисинов го котролираше резултатот и водството потоа. Тоа беше се до резултат 19-18 за велешани кога првпат по подолго време Карпош успеа да изедначи. Тие изедначија на 19-19 и влегоа во интересен финиш. До крајот двата тима постигнаа по шест гола и дуелот заврши реми. Патникот во полуфиалето го даде пенал “руелтот“, во него поуспешни беа велешани кои со 4-3 обезбедија финале.
Кај генерацијата родени 2006 и 2007 година финалисти се екипите на Аеродром и тимот на РК Бисинов Вардар од Велес. За бронзата на овој турнир ќе се борат екипата од Тетово, тимот на РК Балтепе Вардар и тимот на РК Шампион Вардар.
Аеродром полесно од очекувањата славеше во дуелот со екипата на Балтепе со убедлив резултат од 2:10. Немаше никаква резултатска неизвесност на овој меч, на кој од стартот Аеродром поведе со 0:2, за екипата на Балтепе да намали на 1:2, што се покажа како единствен гол за екипата од Тетово во првото полувреме. До крајот на првиот дел, аеродромци постигнаа уште три голови и имаа предност од 1:5. Серијата продолжи и во второто полувреме, кога Аеродром постигна четири голови во серија и зголеми на 1:9. До крајот на мечот по еден гол на двете страни, за конечен резултат од 2:10.
Многу поинтересен беше вториот полуфинален натпревар, на кој се сретнаа екипите на Бисинови Шампион, натпревар кој заврши со минимален триумф од 12:11 за велешани. Во најголем дел од првото полувреме се играше гол за гол, само во еден момент екипата на Шампион имаше предност од два гола разлика (3:5) , но за брзо време израмни екипата на Бисинов на 6:6. До крајот на првото полувреме се играше гол за гол, за на крајот конечниот резултат да биде 8:8. Во вториот дел гледавме мал број на погодоци, а Бисинов го направи победничкиот чекор кога се одлепи на резултат од 11:9. На крајот победа за Бисинов со резултат 12:11, што значеше пласман во големото финале.
Дуелот за 3то место кај генер.2006/07 се игра во 14-00 часот, а дуелот за бронза кај 2004/05 во 14-30. Финалните дуели почнуваат во 15-00 часот.