Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Милано е противник за вардаровите генер. “2003“ и “2004“ во претпоследното коло од регионалната-скопска лига
Милано е противник за вардаровите генер. “2003“ и “2004“ во претпоследното коло од регионалната-скопска лига

Милано е противник за вардаровите генер. “2003“ и “2004“ во претпоследното коло од регионалната-скопска лига

Во сабота на теренот на Академијата своето претпоследно коло во регионалната-скопска лига ќе го одиграат генерациите на ФК Вардар, родени “2003“ и “2004“ година. Противник ќе ни биде екипатана Милано, а овие дуели ќе немаат никакво резултаско значење за црвено-црните, со оглед дека и двете генерации веќе ја обезбедија титулата во ова натпреварување. Двата натпревари ќе се одиграат во термините од 10 и 12 часот.

Вардаровата генерација “2003“ има осум недостижни бодови предност пред екипата на Шкендија, па последните два натпревари во оваа сезона ќе бидат само рутина за избраниците на “Чунга Лунга“. Сите работи ги завршивме во претходното коло, кога најпрво Шкендија загуби токму од Милано, додека Вардар го победи тимот на Скопје. Оваа сезона ги добивме двата претходни мечеви со тимот од Куманово. На истиов терен во есенскиот дел славевме со резултат 4:0, додека на теренот на противникот, победивме минимално со резултат од 0:1. Со оглед дека го осигуравме првото место, се очекува тренерот Петрески шанса во првите 11 да им даде на играчите кои помалку добиваа шанса во текот на сезоната.

Успешна дебитанска сезона во регионалната-скопска лига и за генерацијата “2004“ на ФК Вардар, кои пак успеаа да ја освојат двојната круна. Избраниците на Кралевски ќе се обидат да го задржат стопроцентниот ефект и да ја завршат сезоната со максимален број на освоени бодови. Убедливи бевме и на претходните два меча со екипата на Милано. На домашен терен го победивме противникот со резултат 5:0, додека на гостувањето исто така славевме со резултат 0:3. И на овој дуел се очекува шанса да добијат играчите, кои добиваа помала минутажа на претходните дуели.