Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > УЕФА пресече, нема да играме во Јагодина, најверојатно Малме ќе го пречекаме во Струмица
УЕФА пресече, нема да играме во Јагодина, најверојатно Малме ќе го пречекаме во Струмица

УЕФА пресече, нема да играме во Јагодина, најверојатно Малме ќе го пречекаме во Струмица

Реванш натпреварот од втората квалификациска рунда за Лигата на шампионите помеѓу македонскиот шампион Вардар и шведски Малме  ќе се игра во Македонија. Тој дуел нема да се игра во Србија, бидејќи  УЕФА  официјално го одби барањето на македонскиот тим, својот домашен дуел да го игра на стадионот во Јагодина.

Европската куќа на фудбалот вели дека екипите мораат да бидат домаќини во европските купови само во своите земји. Од оваа правило и пракса   исклучок е возможен само доколку барањето е поради безбедносни причини.  Иако шампионот до последен момент ќе се обиде да издејствува да игра во Скопје, сепак најреална опција е стадионот „Младост“ во Струмица.  Вардар на првиот натпревар ќе игра во Малме на12 јули, а реваншот на кој ќе биде домаќин ќе се одигра на 19 јули.