Пикерот на црвено-црните и српски репрезентативец Мијајло Марсениќ во интервју за српските медиуми искажа само суперлативи за Раул Гонзалес, селектор на Македонија кој е и негов тренер во РК Вардар. Српскиот ракометар за шпанскиот ракометен стручњак вели:
Во Македонија луѓето живеат за ракометот и спортот, нашиот успех ги развесели сите. На лицето на луѓето се гледаше дека нашиот успех е и нивен успех. Ракометот е спорт број еден во Македонија, тие по е на којзнае кое првенство во историјата. Сега за селектор го имаат најдобриот во светот – Раул Гонзалез. Тоа е мое мислење, но истото го делат и многу други играчи. Македонија може да го изненади секого и ќе биде тежок противник во Хрватска на ЕП-вели Марсениќ.