Вардаровите генерации родени “2005“ и “2006“ година ќе играат во финалето на меморијалниот турнир “Ѓорѓи Стојков-Пивка“. Вечерва избраниците на Игор Кралевски и Филип Аровски беа подобри во дуелите со екипите на Марек и Постолов Пандев и на тој начин утре ќе играат во финалните натпревари.
Генерацијата “2005“ на ФК Вардар за противник ја имаше екипата на Марек од Бугарија, која ја совлада убедливо со резултат 13:1. Самиот резултат говори за доминацијата на Вардарци на овој меч, кои одиграа на ниво во текот на целиот натпревар. Интересно стоперот Давор Серафимов постигна три голови, додека по два беа дело на Филип Јовановски, Давор Лефковски, Никола Величковски и Матеј Гаштаров, додека во листата на стрелци се запиша и Матеј Николов. Утре во големото финале, ќе играме со екипата на Брегалница.
Триум забележа и помладата генерација “2006“ , предводена од тренерот Филип Арсовски. Тие беа подобри во дуелот со екипата на Постолов Пандев од Штип. Конечниот резултат на овој меч гласеше 3:2. На полувреме имавме водство од 2:0. Марко Николовски, Олег Трифуновски и Стефан Коловски, беа стрелци за екипата на Вардар. Утре во големото финале играме со тимот на Мрек од Бугарија.