Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Младинците на ФК Вардар по втор пат ја победија Шкендија, кадетите загубија на гостувањето во Тетово
Младинците на ФК Вардар по втор пат ја победија Шкендија, кадетите загубија на гостувањето во Тетово

Младинците на ФК Вардар по втор пат ја победија Шкендија, кадетите загубија на гостувањето во Тетово

Денес во Тетово, кадетите и младинците на ФК Вардар го одиграа последното првенствено коло, во кое гостуваа на екипата на Шкендија.

Кадетите на Вардар со пораз ја завршија сезоната, откако беа поразени на гостувањето кај тетовскиот тим, кој славеше со резултат 4:2. По првото полувреме екипата на Шкендија имаше предност од 2:1. Домашниот тим прв успеа да го отвори резултатот и да поведе со 1:0 со гол во 3.минута од мечот. Вардар успеа да врати и да го израмни резултатот на 1:1 во 38 минута со голот на Мартин Спировски. Пред крајот на првиот дел, противникот го врати водството и поведе со 2:1, резултат кој беше актуелен на полувреме.

Во 66 минута од дуелот, избраниците на Чунга Лунга повторно се враќаат во игра и со голот на Манасиевски израмнуваат на 2:2. Сепак екипата на Шкендија со голови во 76 и 82 минута успева да поведе со 4:2 и да ги постави конечните 4:2 на овој меч од кадетската Супер лига.

Вардар: Величковски, Митревски, Мицевски, Манасиевски (c), Ангелковски, Трајановски, Спировски, Ристовски, Омеаргиќ, Зендели, Крстевски.

Младинците успеаа по втор пат за неколку дена да ја совладаат екипата на Шкендија, која ја победија со резултат 1:3. Стрелци на головите за Вардар беа Медија Кртовци, Александар Ѓорѓиески и Мустафа Јусуф. За напомена, Вардар на полувреме имаше негатива од 1:0.

Вардар: Андов, Радевски, Стојчески, Ѓорѓиески, Петејчук, Пешевски, Речица, Младеновски, Божиноски, Јусуф, Хсановиќ.

Во игра влегоа уште и Ѓурковски, Кртовци, Радуловиќ-Величковиќ и Цури.

На двата дуели и двата тренери настапија со мешани играчи, почнувајќи од генерација родени 2002 година.

Кадетите и младинците на ФК Шкендија се шампиони во двете категории, додека вардаровите младинци го освоија куп трофејот. За кадетите оваа сезона треба што побргу да се заборави, со оглед дека ја завршивме на 6.позиција.