ФК Вардар генерација.2004 на Петар Ѓорѓиески денес на домашен терен го пречека тимот на ФК Драчево Јуниор во последното коло од лигата. Нашите момци дојдоа до победа со резултат 6-0 (2-0) на оваа средба.
Вардар: Ангелов, Љушев, Мишовски, Дошев, Ибраим, Попов, Хајдари, Стоимов, Ричков, Перковски, Стојановски.
Нашата офанзива започна само на почетокот, таа вроди со “плод’ во 21.минута кога отворивме со гол. Ибраим Левент умешно стрелаше и донесе предност за црвено-црните. Продолживме и понатаму со офанзивна игра, Попов Горазд успеа да го удвои водството. Тој погоди за 2-0 во 30.минута. Со овој резултат се замина на одмор.
Во вториот дел успеавме да бидеме поефикасни, постигнавме двојно повеќе голови за разлика од првиот дел на овој натпревар. Најпрвин нововлезениот Идризи Талха зголеми на 3-0 во 64.минута. Две минути потоа со неговиот втор гол денес, Ибраим Левент успеа да ја удвои предноста од првиот дел погодувајќи за 4-0. Ние бевме тим кој доминиравме на теренот, тоа даде резултат со уште два гола. Во 69. Љушев Давид погоди за 5-0, точка на дуелот со неговиот третти гол на денешниот дуел стави Ибраим Левент. Тој стрелаше за 6-0 резултат со кој заврши оваа средба од последното коло во регионалната-скопска лига.
Во игра во вториот дел влегоа уште и Павлески, Каровски, Милошевски, Јаневски, Идризи, Гуџуфи и Анчевски.
Екипата на Работнички е новиот шампион во оваа натпреварувачка сезона, додека Вардар успеа да го освои трофејот од националниот куп.