Во вторникот ја освоија и ја добиа титулата во домашниот шампионат, па вардарци целосно се насочија кон Келн. На денешниот дуел против Пелистер последен пред домашната публика на терен излегоа кадетски состав. Битолчани тоа максимално го искористија тоа и триумфираа со 30-26 (16-14).
Кадетите на Вардар воопшто не влегоа инфериорно во дуелот, тие на почетокот играа игра гол за гол. Така беше се до резултатот 6-6. Потоа битолчани успеаа да се одлепат, но ние постојано бевме блиску до сениорскиот зелено-бел состав. На одмор заминавме само со два негатива 14-16.
Тимот кој е во битка за европска есен заигра поангажирно во вториот дел, Пелистер на моменти водеше и со шест гола. Ние успеавме и се вративме на минус три во финишот кога беше 25-28. Победата за гостинот дојде со резултат 26-30. Кај нас на овој дуел прв стрелец беше Марко Мишевски со 7 гола, Ставревски имше гол помалку, а Велимир Грујовски погоди 4 пати.
ВАРДАР: Кизиќ, Гедбан, Марио Мишевски 1, Чакалиќ 1, Павловски, Димитријевски 1, Србиновски 2, Грујовски 4, Ставревски 6, Димчевски 3, Калајџиески 1, Марко Мишевски 7.