Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Slider > ФК Јанг Тим од Струга лесна пречка, утре финале против Милано за генер.2008 на Вардар
ФК Јанг Тим од Струга лесна пречка, утре финале против Милано за генер.2008 на Вардар

ФК Јанг Тим од Струга лесна пречка, утре финале против Милано за генер.2008 на Вардар

Фудбалерите на Вардар родени 2008 година се пласираа во големото финале на Детската лига, откако денеска го победија тимот на ФК Јанг Тим од Струга со резултат 7:4 во полуфиналето.

Натпреварот започна со иницијатива на тимот од Скопје. Со два удари кон противничкиот гол се заканија Ненад Дамјаноски и Иван Ташовски, потоа два удари на противникот одбрани и Лука Грчевски. Голот за Вардар дојде преку Ненад Дамјаноски кој стрелаше прецизно од слободен удар за предност од 1:0. По голот започна и голеадата на Вардар, следуваа голови на Арти Азизи и Лука Трпевски за веќе убедливи 3:0. До крајот на првиот дел противникот успеа да намали на 3:1, а Вардар преку Стефан Бранковски го врати резултатот на три предност, 4:1.

60917965_2219502124763288_7776293681048322048_n

Вториот дел започна со нов гол на Вардар, втор денеска на Ненад Дамјаноски за 5:1. Следуваа три одлични одбрани на Грчевски, кој спаси сигурни голови на противникот. Во следната акција противникот успеа да погоди и да намали на 5:2. До крајот на дуелот Вардар постигна уште два погодоци преку Арти Азизи и Ненад Дамјаноски од пенал за убедливи 7:2. Противникот со два гола во финишот успеа да ублажи на конечни 7:4.

61342349_2219502441429923_1208337440402571264_n

Во финалето утре, Вардар ќе игра против ФК Милано.