Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > „Петарда“ во мрежата на Топ Тим, за големо финале на ФК Вардар генер. 2006 во детската лига
„Петарда“ во мрежата на Топ Тим, за големо финале на ФК Вардар генер. 2006 во детската лига

„Петарда“ во мрежата на Топ Тим, за големо финале на ФК Вардар генер. 2006 во детската лига

Генерацијата на ФК Вардар родени 2006 година ќе играат во големото финале на детската лига, откако славеа и на полуфиналниот дуел против екипата на Топ Тим од Охрид. Избраниците на Филип Спасевски покажаа многу повеќе од противникот, кој мора да биде среќен и со поразот од 5:0.

4

Доколку реализиравме уште некоја шанса, сигурно на крајот победата ќе беше изразена со поголема разлика. Сепак и овој триумф (5:0) е доволен за ново финале на оваа вардарова генерација. Првиот обид кон голот на охриѓани го имаше денес одличниот Нуман Ајетовиќ, кој бие од голема далечина, но топката ја зафати еден од противничките играчи па заврши во корнер. Првата голема шанса сепак ја има противникот од Охрид, кога од десната страна се направи простор за Топ Тим, еден од нивните играчи ја нафрли топката, која стигна до еден од играчите на противникот, кој од непосредна близина не успеа да го совлада Данстак, кој спаси негатива за Вардар. Црвено-црните успеваат да го отворат резултатот на 1:0 со голот на Дарко Сековски, но половина погодок се препишува на Николовски, кој од десната страна, имаше брз продор, се ослобод од еден противнички играч, нафрли во противничкиот простор, а на вистинското место се најде Сековски, на кој не му беше тешко да донесе водство на Вардар.

1 2

Евро гол можеше да постигне Нуман Ајетовиќ, овој играч распоага со силен удар, проба од половина терен, за среќа на Топ Тим, топката ја погоди пречката, па резултатот остана непроменет. Напаѓавме константно, момците на Спасевски добро се движеа на теренот, имаа голем посед на топка и често создаваа прилики за гол, додека охриѓани полека ги губеа силите за рамноправен дуел. Алији се најде во прилика откако со осввртување од пет метри шутира, но одлична интервенција на голманот, додека од далечина се обиде и Нуредини, но повторно брани голманот на Топ Тим. Се закани за момент противничкиот тим, кој од корнер, со глава еден од нивните играчи бие крај голот, додека за солидна предност од 2:0 по првото полувреме се погрижи Нуман Ајетовиќ, кој при една акција на вардарци, му се направи простор за удар, тој тоа го корист, шутира по земја, топката од стативата заврши во голот, за водство од 2:0 на полувреме.

Во вториот дел видовме иста слика на теренот, Вардар беше тој што напаѓаше, додека Топ Тим беше во подредена улога. Нуман Ајетовиќ овој пат постигнува евро гол, откако од прва бие силно, немоќен голманот, што значеше и водство од 3:0. Истиов играч имаше и нов обид, откако ја помина цела половина на Топ Тим, биеше, но одбрани голманот. Следен во шанса се најде Алији, но брани голманот, додека нов обид имаше и Ајетовиќ, но противничкиот чувар на мрежата е најзаслужен, ште неговиот тим нема поголема негатива.

3 6

Сепак нов гол во мрежата на екипата од Охрид, добра акција направија Динов, кој го пронајде Величковски Андреј, кој прв пат на овој полуфинален дуел се запиша во листата на стрелци, за водство од 4:0. Целосно го раскинавме противникот, нов гол во нивната мрежа, овој пат дело на Антони Динов, кој со силен удар под пречката, погоди за водство од 5:0. До крајот на дуелот, обиди имаа Трифуновски, како и повторно Величковски, но немаше гол. На крајот победа за Вардар со резултат 5:0.

Во утрешното финале, ќе гледаме реприза од минатите две години, кога Албарса беше последна пречка за нашиот состав кон освојување на трофејот. Воп полуфиналето, Албарса го победи Албион, па утре ќе гледаме ново финале меѓу Вардар и Албарса, се надеваме дека овој пат ќе имаме повеќе среќа.