Тимур Дибиров е голем Вардарец! Летачкото крило уште еднаш потенцираше дека е подготвен да остане во Вардар и да ги одбие сите понуди доколку клубот и во иднина продолжи да функционира нормално.
„Јас лично многу сакам да останам овде, сакам да се случи најдоброто сценарио за клубот. Но има многу работи кои допрва треба да бидат разјаснети. Сакам да останам во Вардар, но доколку сите заминат, тренери, управа, играчи, како јас сам да останам“, вели Тимур Дибиров и додава:
„Многу дилеми и работи треба да се посложат за клубот да остане ваков, а тоа е моја желба, па затоа се уште немам потпишано договор со друг клуб. Вардар има предност за мене пред сите, па чекам информација, доколку ни кажат, Тимур, се е во ред, Вардар ќе биде и понатаму силен, подготвен сум да кажам да и да останам“.