Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровата генер. 2010 во пенал серијата елиминирана во 1/4 финалето на детската лига
Вардаровата генер. 2010 во пенал серијата елиминирана во 1/4 финалето на детската лига

Вардаровата генер. 2010 во пенал серијата елиминирана во 1/4 финалето на детската лига

Најмладите вардарци од генерација 2010 кои оваа сезона беа дел од детската лига, денес на терените на ФФМ беа несреќно поразени во 1/4 финалето од екипата на Јанг Тим од Струга. Победникот беше решен во пенал рулетот, во кој подобро се снајде противничкиот тим.

Првиот обид го имаше противникот, кој од центарот упати удар, но одбрани нашиот голман. Јанг Тим успеа прв да го отвори резултатот и да поведе со 0:1, но Вардар не се откажа и до крајот на првиот дел ја имаше иницијативата. Откако Илиќ додаде прецизно, Драган Гечев беше играчот кој постигна гол и за голема радост на црвено-црните успеа да го израмни резултатот на 1:1. Се обиде од прекин тимот на Јанг Тим, но ударот оди крај нашиот гол, додека нова шанса кај нас имаше Гечев, но овој пат одбрани голманот на стружани. До крајот на првиот дел обид имаше и Чедевски, но без реализиција.

1 3

Гледавме интересно второ полувреме, во кое и двете екипи имаа шанси за голови. Марко Јовановски беше играчот кој донесе пресврт кај Вардар, носејќи водство од 2:1. Сепак во последните минути од дуелот не издржавме и примивме гол, па во регуларниот дел мечот заврши 2:2.

Се пристапи на изведување удари од белата точка, во која Јанг Тим победи со 2:0, а на нашиот гол беше Ристиќ кој одбрани еден удар.

Сепак и ова е успех за оваа генерација на Вардар, која успеа да се пласира на завршниот турнир и во осум најдобри екипи од земјава. Може доколку имавме и малку среќа и ќе се боревме за еден од медалите.