ФК Вардар генерација родени 2007 година ќе ја брани ланската титула во Детската лига. Денес во 1/2-финалето успеавме да го совладаме скопскиот тим на РК Драчево Јуниор со 4-1. Финалето се игра утре на терените на ФФМ во Скопје.
Ние доминиравме уште на почетокот на ова полуфинале, отворивме рано со голот на Стефан Младеновски по кој водевме со 1-0. Имавме серија прилики за удвојување на водството, за жал шансите на Младеновски и Борјан Томовски не вродија со плод. Бевме казнети за тоа и Драчево изедначи на 1-1. Нападнавме со сите сили да ја вратиме предноста од еден гол на овој дуел. Грашески Александар изведе одличен слободен удар кој не успеа да го погоди. Младеновски повторно се обиде. Добивме пенал по прекршок, го изведовме, голманот исфрли во 3та корна што значеше нов казнет удар. Истиот во гол го претвори Младеновски, тој со неговиот втор гол го постави конечниот резултат за првиот дел 2-1.
Младеновски Стефан играше денес на ниво, тој и вториот дел го почна одлично. Со неговиот 3ти погодок не однесе на два плус, ние поведовме со 3-1. Серија прилики испуштивме за да стигнеме до бројката “4′. Грашевски, Емир Шаботиќ и Борјан Томовски не успеаа да го совладат чуварот на мрежата на тимот од скопско Драчево. Конечно по неколку големи шасни погодивме, умешно стрелаше за 4-1 од слободне удар.
До крајот двата тима имаа по еден обид, при заканата на ривалот Лука Јаневски беше на висина на задачата. Ние последната прилика ја имавме преку Мичо Поповски. Со победата од 4-1 обезбедивме пласман во големото финале кај генерација 2007, таа титула ја браниме од ланската сезона.