Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Пионерките на ЖРК Вардар повторно “газат“ со победата над Крим се на чекор до 1/2-финале во Никшиќ
Пионерките на ЖРК Вардар повторно “газат“ со победата над Крим  се на чекор  до 1/2-финале во Никшиќ

Пионерките на ЖРК Вардар повторно “газат“ со победата над Крим се на чекор до 1/2-финале во Никшиќ

Од утрово пионерките на Вардар на турнирот во Црна Гора одигаа два меча. По победата во вториот клучен дуел на овој меѓународен турнир во Никшиќ против РК Крим попладнево ќе атакуваат на пласман во полуфиналето.

Во првиот дуел се сретнавме со РС “Централна Србија„ на оваа средба одигавме одлично, нашите пионерки против повозрасни екипи дадоа максимум. За жал бевме поразени само со еден гол, односно со резултат 15-14.  Ние на полувреме водевме со 7-5, за жал промашивме неколку пенала. Сепак нашите дами ги задоволија вкусовите на стучната фела во тимот.  Кај нас Равојска Јана постигна на таа средба 4.гола, по два имаа капитенот Алекс Коловска и Сара Стефаноска. 

Во втората средба нашите девојки блеснаа, тие го совладаа тимот од Словенија, РК Крим со дури пет гола предност. Првиот дел беше напорен двата тима беа блиску, сепак црвено-црните дами покажаа дека се тим за почит, тие на кадетски турнир покажуваат квалитет. На одмор заминавме со гол предност, 10-9. Во вториот дел фунциониравме во сите линии, голмани одбрана и напад па успеавме да победиме против квалитетен им со пет гола предност односно со 23-18,

На оваа средба огранизаторот ја прогласи за најдобра Борјана Коцева, таа евидентно дека игра на неколку ниво повисоко оваа пролет на сите мечеви. Она и другиот бек, Сара Стефаноска имаа по пет гола во мрежата на словенките, само гол помалку имаше секогаш одличната Пешиќ Мила.

Клучниот дуел за пласман на утрешниот ден за поделба на медалите не очекува попладен, каде ќе се сретнеме со тимот од градот домаќин. Станува збор за екипата на РК Левалеа Никшиќ.