Генерациите на ФК Вардар родени 2004, 2006 и 2009 година денес заминаа за Сандански ( Бугарија) каде од утре ги започнуваат настапите на меѓународниот турнир „Пирин Куп“.
Генерацијата 2004 која е предводена од Сашо Тодоровски ќе биде значително ослабена за пет стандардни играчи. Никола Павлески, Стефан Тасев и Бесар Гуџуфи се наоѓаат со репрезентацијата до 16 години во БИХ, додека Стефан Стојановски и Игор Јаневски кои исто така беа повикани за настап во националната репрезентација го откажаа настапот поради болест.
За Бугарија од генерација 2004 отпатуваа следниве играчи: Наум Ангелов (голман), Давид Љушев, Марио Ричков, Никола Анчевски, Димитар Стоимов, Огнен Здравковски, Сандро Каровски, Теодор Перковски, Исмет Хајдари, Левент Ибраим, Лука Ивановски, Максим Милошевски, Давид Цеков и Давид Крстевски.
Вардар е во групата Б со екипите на Хебар, Димитровград и Черноморец Бургас.
Филип Спасески предводникот на генерацијата 2006 на турнирот во Бугарија ќе го има на располагање својот најсилен состав. Ова се играчите кои ќе играат на турнирот: Андреј Данстак, Максим Краљевски ( голмани), Михаил Николов, Димитар Порчу, Драган Јанковски, Милош Спасовски, Данил Ордевски, Ангел Настевски, Александар Миовски, Алтин Нурединовски, Андреј Величковски, Максим Цониќ, Марко Николовски, Нуман Ајетовиќ, Алтин Алији, Михаил Танчев, Лука Митревски, Матеј Анастасов и Мирза Хасиќ.
Нашите млади надежи се дел од групата Б, заедно со екипите на ЦСКА Софија, Димитровград и Хебар.
Генерацијата 2009 предводена од Никола Глигоров исто така ќе земе учество на турнирот, настапувајќи во следниов состав: Марко Баснарков (голман), Павел Котески Митровски, Вито Павлов, Вилијам Ангеловски, Даниел Колевски, Андреј Гудов, Дарин Михајловски, Матеј Николов, Качман Сулејман, Васко Папалиски, Јаков Стојковски, Андреј Кралевски, Давид Колевски и Матеј Крстевски.
Нашите момчиња ќе бидат во групата А, во која се екипите на Шипка, Национал, Ферион и Брестник.