Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров: Вардар бил и ќе биде, ве повикувам во сабота да покажеме што е љубов, заедно можеме да победиме секого
Дибиров: Вардар бил и ќе биде, ве повикувам во сабота да покажеме што е љубов, заедно можеме да победиме секого

Дибиров: Вардар бил и ќе биде, ве повикувам во сабота да покажеме што е љубов, заедно можеме да победиме секого

Денес беше лош ден за Вардар, веќе двајца играчи се збогуваа од Европскиот Шампион и го потврдија доаѓањето во нови клубови. Кристопанс и Атман не се веќе дел од црвено-црните, но и во една таква ситуација, играчот кој со Стоилов имаат најдолг стаж во Вардар даде поддршка во пресрет на решавачкиот натпревар во ЛШ. На својот инстаграм профил се обрати Тимур Дибиров кој истакна дека нема време за разочарување, со оглед дека екипата ја чека важен натпревар во сабота.

dibirov

Мечот со Мотор Запорожје ќе се одигра во сабота, Вардар мора да победи доколку сака да се пласира во осминафиналето. Од тука, Дибиров ги повикува сите навивачи да дојдат во Јане Сандански и да им дадат поддршка. Објавата на Дибиров можете да ја погледнете на линкот, ТУКА.