Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Нови две победи за најмладите вардарци од генер. “2010„ во детската лига
Нови две победи за најмладите вардарци од генер. “2010„ во детската лига

Нови две победи за најмладите вардарци од генер. “2010„ во детската лига

Две победи во денешното коло од детската фудбалска лига за генерацијата на ФК Вардар родени “2010„ година. Избраниците на Стефан Михајлов беа подобри во дуелите со екипите на Дрим Тим и Скупи.

3

Најпрво на теренот излезе екипата на Вардар (2) која минимално го совлада тимот на Дрим Тим (1:0), иако немаше воопшто да биде незаслужено ако победивме со многу поголема разлика. Петар Васоски беше играчот кој донесе триумф за Вардар на денешниот дуел. Во првото полувреме, Васоски имаше уште една шанса, но одбрани голманот, додека среќата денес не го посака Лука Пацески кој на два пати ја погоди стативата од противничкиот гол.

1 2

И во вториот дел имавме добра прилика преку Благојче Седлоски, кој од непосредна близина не успеа да го погоди голот, како и повторно преку Пацески кој во два обиди не успеа да постигне гол. Се на се, добра игра на Вардар, која требаше да биде крунисана со повисок триумф, но сепак и овој резултат донесе бодови за овој тим, кој стигна до шесттата победа во детската лига.

Затоа Вардар (1) се изнададе голови. Се што не им успеа на братскиот Вардар (2), му успеа на Вардар (1) кој денес до врв ја наполни мрежата на екипата на Скупи. Првата прилика сепак ја имаше противникот, но Сивевски кој во тој момент беше на голот успешно одбрани. Стефан Ристиќ и денес ги покажа своите голгетерски способности и на денешниот дуел успеа да постигне најмногу голови. Токму со неговиот гол и тоа со силен удар, успеваме да дојдеме до водство од 1:0.

7

Во следниот период се заканија и Марковиќ, како и Гечев во два наврати, но нивните удари завршија покрај противничкиот гол. Шанса и за Сивевски и повторно Гечев, но немаше реализација. Затоа на сцена повторно стапува Стефан Ристиќ кој речиси со идентичен гол како првиот успева повторно да го погоди голот и да зголеми на 2:0. До крајот на првиот дел, прв гол и за Марко Јовановски, за резултат од 3:0 по првите 20 минути од овој меч во детската лига.

4

Како започна првото, така продолжи и второто полувреме со гол на Стефан Ристиќ, кој во тој момент стигна до хет-трик, со кој му донесе предност на Вардар од 4:0. Марко Јовановски го следеше во “сенка„ постигна два последователни голови и зголеми на 6:0. После еден прекршок во противничкиот голмански простор беше досуден пенал за екипата на Вардар, а сигурен реализатор беше Огнен Сивевски за предност од 7:0. Во листата на стрелци се запишува и Далибор Марковиќ, за убедлива предност од 8:0. Прв гол на дуелот во наредните минути и за Матеј Чедевски, за зголемување на 9:0.

5

До крајот на дуелот уште два гола во мрежата на Скупи.Најпрво со својот петти гол денес, Стефан Ристиќ зголеми на 10:0, додека конечните 11:0 на мечот ги постави Матеј Чедевски. Ова беше вкупно осма победа за екипата на Вардар (1) во детската лига.