Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар им се врати на победите, Мицевски стрелаше за три бода
Вардар им се врати на победите, Мицевски стрелаше за три бода

Вардар им се врати на победите, Мицевски стрелаше за три бода

Вардар се враќа од Кратово со три бода, откако денеска победи со голот на Мицевски од пенал уште во првиот дел. Вардар на крајот можеше и да ја прокоцка победата, но за наша среќа еден противнички играч од 100% шанса биеше само покрај голот на Гачевски. Останува уште еден коло, во кое Вардар во среда ја пречекува Победа.

Вардар: Гачевски, Манев, Херанц, Брдаровски, Тодороски, Антовски, Битанг, Мицевски, Најдовски, Лира и Јуфо. Во игра влегоа уште и: Попзлатанов, Адем, Цветаноски.

По првиот дел нашиот тим имаше предност од 0:1 откако од пенал стрелец за водство беше Дарко Мицевски. Се играше 33 минута, беше досуден пенал во корист на Вардар, Мицевски ја зеде топката и прецизно биеше за водство од 0:1. Кон крајот на првиот дел, Силекс постигна гол за изедначување, но за среќа на Вардар, голот беше поништен поради офсајд позиција.

Во вториот дел тимот од Скопје максимално го чуваше своето водство од првиот дел стекнато од пенал. Во 60 минута Лира имаше добра шанса, убаво шутна, но добра одбрана на домашниот голман. За одблежување беше 73 минута, Лира доби директен црвен картон за груб старт врз еден противнички играч. Во последните петнаесетина минути, Вардар мораше да го чува својот гол и да ја бара својата шанса за нов гол преку контра напади. Со цел да се задржи свежината, во 84 минута во игра влезе и младиот Адем на местото на Јуфо. Во 87 минута преку контра на Мицевски, Битанг имаше шанса да постигне гол, но биеше само во голманот на домаќинот кој излезе од својот гол. Во последните мигови од дуелот, Силекс имаше голема шанса да дојде до 1:1, но за среќа нивниот напаѓач биеше крај голот на Гачевски од 100% шанса. Со резултат 0:1 заврши дуелот и Вардар запиша три бода.