Saturday ,18 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Одложени натпреварите на Вардаровите генерации “2003“ и “2004“ во регионалната -скопска лига, против академијата на ФФМ
Одложени натпреварите на Вардаровите генерации “2003“ и “2004“ во регионалната -скопска лига, против академијата на ФФМ

Одложени натпреварите на Вардаровите генерации “2003“ и “2004“ во регионалната -скопска лига, против академијата на ФФМ

Во саботата требаше да  стартува втората сезона на регионалната – скопска лига, за генерации родени “2003„ и “2004“ година. Ова ќе биде дебитантска сезона за Вардаровата генерација “2004„ во оваа лига, додека втора по ред за момчињата родени “2003„ година кои се актуелни освојувачи на регионалната скопска лига.

Првото коло за нашите екипи требаше да  биде ревијално, со оглед дека за противник ја имаат академијата на ФФМ, во која се селектирани најдобрите играчи од цела Македонија. Академијата на ФФМ оваа сезона ќе се натпреварува со три екипи, но во повозрасни генерации. Генерацијата “2003„ ќе игра натпревари со екипи кои се натпреваруваат како помлади пионери во првенството, односно генерациски родени “2002“ година, додека генерацијата “2004“ ќе биде составена од две екипи. Едната ќе се натпреварува во генерација “2003“ а другата во соодветната “2004“ година.

Истите се одложени поради недоволната подготвеност на двете селектирани генерации на ФФМ да играат натпревари. Главните предизвици за младите екипи на Вардар доаѓаат веќе од следното второ коло, кога исто така на теренот на академијата ќе ја пречекаат екипата на Работнички.

Исто така е одложен и утрешниот меч на генерацијата “2002“ на ФК Вардар против една година помладата генерација родени “2003“ година на академијата на ФФМ. Во недела помладите пионери на ФК Вардар, во рамките на првото коло од новата сезона гостуваат во Тетово на екипата на Ренова.