Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Чеде Јаневски денес ќе дебитира на клупата на Вардар, против екипата на Фенербахче
Чеде Јаневски денес ќе дебитира на клупата на Вардар, против екипата на Фенербахче

Чеде Јаневски денес ќе дебитира на клупата на Вардар, против екипата на Фенербахче

Вчера вечерта Чеде Јаневски беше промовиран во нов тренер на нашиот фудбалски шампион. Популарниот “Четка“ по 28 години се враќа во клубот, за кого го врзуваат убави спомени. Претходно Јаневски беше дел од Вардар од 1982 до 1989 година, а за црвено-црните одигра 160 натпревари и постигна девет гола. . Новиот стратег веднаш се фати за работа и веќе одбработи два тренинзи со новата екипа. Тој веднаш ќе дебитира на клупата на Вардар, на денешниот натпревар од плејофот на лига Европа, против екипата на Фенербахче. Ова ќе биде прв турски предизвик за нашиот состав, досега на настапите во европските натпреварувања.

Јаневски го замени Седлоски, кој беше две години на клупата на Вардар, со кој освои два шампионати на Македонија. Вардар има голема шанса да испише историја, но за тоа е потребно да ги одиграат двата најдобри натпревари и да ги израдуваат своите навивачи. Натпреварот се игра вечерва на арената “Филип втори“ со почеток од 20 часот.