Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар ќе играат во големото финале на силниот меѓународен турнир, “Пандев Куп 2018„. Утрово на теренот во населбата Ѓорче, црвено-црните ја надиграа екипата на Њу Старс и ја совладаа убедливо со резултат од 3:0 и на тој начин во текот на утрешниот ден ќе се борат за златниот медал.
Избраниците на Кралевски денес одиграа одличен натпревар и повеќе од заслужено се најдоа во финалето, иако треба да се напомене дека и противникот даде силен отпор, но не можеше да се носи со разиграниот Вардар. Црвено-црните во првото полувреме имаа минимално водство и тоа со погодокот во 40 минута, откако после изведен корнер, во противничкиот шеснаесетник на вистинското место се најде Виктор Крстевски, кој со глава ја смести топката во голот.
Следевме добра игра на Вардар и во второто полувреме, кога создадовме неколку добри шанси, од кои две ги реализиравме. Во 55 минута ја проследивме најдобрата акција на мечот, кога Азер Омерагиќ погоди исто така со глава, после центар шут. Конечните 3:0 на натпреварот беа дело на Харбин Речица, откако Вардар напправи контра напад, кој во гол го претвори Харбин.
Вардар: Величковиќ, Костовски, Крстевски, Асани, Хасани, Речица, Стојановски, Салиу, Мирков, Омерагиќ, Фазлиу.
Во големото финале, во текот на утрешниот ден, Вардар ќе го чека подобриот од дуелот, Темишвар- Академија Пандев.