Генерациите на ФК Вардар родени “2002“ и “2005„ година ќе играат во полуфиналето, на силниот меѓународен турнир “Пандев 2018„.
Пионерите кои во новата сезона ќе бидат предводени од Игор Кралевски одиграа со нерешен резултат во дуелот со екипата на Победа, бод кој им беше доволен да се пласираат во полуфиналето на турнирот. Вечерва на терените на ФФМ, црвено-црните одиграа нерешено (2:2) со екипата на Победа од Прилеп.
По првото полувреме резултатот беше 1:1, а резултатот го отвори Вардар откако успеа да ја затресе мрежата на противникот и да поведе со 1:0, со првиот гол на турнирот, за Атом Фазлиу. До крајот на првиот дел, противникот успеа да го израмни резултатот на 1:1. Гледавме квалитетен натпревар и во второто полувреме, во кое двете екипи имаа свои шанси, од кои реализираа по една. Вардар по втор пат на мечот успеа да поведе со голот на Харбин Речица за 2:1, но Победа врати и до крајот на мечот го израмни резултатот на 2:2.
Во групната фаза, завршивме на второто место, кое беше доволно за пласман во полуфиналето. Вардарци освоија четири бодови, имаа една победа, пораз и нерешен резултат и освоија 4 бодови. Првото место во групата е за тимот на Темишвар од Романија.
Вардар: Величковски, Петејчук, Костовски, Крстевски, Асани, Гугуљанов, Хасани, Салиу, Фазлиу, Омерагиќ, Исени.
Вардаровата генерација “2005„ иако го загубија денешниот натпревар, кој беше последен во групата, сепак утре ќе играат во полуфиналето на турнирот. На натпревар одигран на терените на ФФМ, избраниците на Сашо Јанев го загубија дуелот од тимот на Еуроспорт, минимално со резултат од 0:1. По првото полувреме беше 0:0.
Вардар: Филевски, Јакимовски, Кукуловски, Таневски, Наумовски, Цветков, Калановски, Јовановски, Коловски, Лефковски, Величковски.
Вардарци ќе играат во полуфиналето, со оглед дека Национал го доби натпреварот со екипата на Јагодина, па така екипата од Бугарија го освои првото место со 7 освоени бодови, додека Вардар заврши како втор со 4. На третото и четвртото место се најдоа екипите на Еуроспорт и Јагодина, кои освоија по 3 бодови.
Во текот на утрешниот ден, двете вардарови екипи ќе се борат за пласман во големото финале, а претходно полуфинале обезбедија и вардарците кои се родени “2003„, кои своите мечеви ги играат во Струмица. Пионерите во полуфиналето ќе играат против Њу Старс, помладите за противник го имаат Реал Ниш, додека генерацијата “2005“ во полуфиналето ќе се сретне со Ботев Пловдив.