Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > ФК Вардар генер.2003 со реми против А.Пандев го потврдија 1/2.фин на турнирот “Пандев 2018„
ФК Вардар генер.2003 со реми против А.Пандев го потврдија 1/2.фин на турнирот “Пандев 2018„

ФК Вардар генер.2003 со реми против А.Пандев го потврдија 1/2.фин на турнирот “Пандев 2018„

 По двете победи  помладите пионери на ФК Вардар, на силниот меѓународен турнир, “Пандев 2018„ денес го одиграа треттоо коло на овој силен турнир. Филип Деспотовски се одлучи да одмори дел од првотимците и да искористи играчи од поширокиот ростер, тој ги одмараше голманот Стојковски потоа Стојчевски, Андрески и Г.Стојановски. Ние и пред овој натпревар имавме сигурен пласман во полуфиналиот дуел.  Денес се сретнавме со екипата на Академија Пандев со која одигравме реми 1-1 (0-0).

Овој натпревар го почнавме со следниот состав:  Бајрами, Исмаили, Марковски, Ѓорѓoски, Ѓорѓиевски, Петрушевски, Тасевски, Алими, Петковски, Живков и Прелоговски. Во игра во вториот дел играа за нас и следните момци: Јовчев, Ќосевски, Јовановски, Давков, В.Стојановски и Трпезановски.

Првиот дел мина во испитување на силите, двата тима имаа по неколку обиди сепак мрежите на двата голмана останаа незатресени по крајот на овој дел. Двата погодока ги видовме во вториот период. Најпрвин по неколку прилики успеавме да поведеме ние со 1-0. Резултатот на овој дуел го отвори нашиот Марио Петрушевски. Во продолжение тимот на Академија Пандев успеаа да изедначи на 1-1, резултат кој се покажа како конечен на овој натпревар и покрај неколкуте шанси до крајот. Ова беше сосема доволно за обезбедување на дуел во полуфиналето на овој турнир.