Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Демири заминува од Вардар
Демири заминува од Вардар

Демири заминува од Вардар

По Итало и Џигаури извесно е уште едно заминување од таборот на Вардар. Левиот бек Бесир Демири повеќе нема да биде дел од шампионот на Македонија. Демири и Вардар се разделуваат по само една година.

По заминувањето на Демири, на првиот тренинг со тимот на Вардар тренира и младиот бек Андреј Ричков кој есеноска беше на позајмица во Беласица. Дали Чеде го менува стилот и ќе задржи во Вардар уште еден млад играч каков што е Ричков останува да видиме.

vardarfans-rickov-533x330

Инаку, Вардар денеска доби уште еден нов бек, се работи за Кристијан Тошевски кој дојде од тимот на Пелистер. Тошевски подеднакво добро може да игра и како лев и како десен бек.