Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Силва пристигнува во Скопје со Фелипе, Илиќ трет избор за голман во Вардар
Силва пристигнува во Скопје со Фелипе, Илиќ трет избор за голман во Вардар

Силва пристигнува во Скопје со Фелипе, Илиќ трет избор за голман во Вардар

ФК Вардар на големо се активираше на трансфер пазарот, по триото млади играчи кои потпишаа договор со Вардар, шампионот не застанува, договори уште најмалку две нови имиња.

Се работи за еден играч од Бразил и еден од Македонија. Нова “кариока” во црвено – црниот дрес и дефинитивно ќе биде Јаго Силва. Силва се очекува да пристигне во Скопје со Фелипе или да дојде директно на подготовките во Анталија. Со овој играч ќе се потпише договор со важност од шест месеци со можност истиот да биде продолжен уште на една година.

Покрај него и Филип Илиќ ќе биде нов играч на ФК Вардар. Илиќ доаѓа да биде трет голман на Вардар по заминувањето на Томе Пачовски.

Покрај сите овие, во Вардар ќе пристигнат и два – тројца играчи од Нигерија кои ќе бидат на проба и доколку задоволат потоа ќе се потпише договор со нив.