Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Радичевиќ: Секоја година имаме иста цел и годинава играме позрело и посериозно
Радичевиќ: Секоја година имаме иста цел и годинава играме позрело и посериозно

Радичевиќ: Секоја година имаме иста цел и годинава играме позрело и посериозно

ЖРК Вардар вчера го одржа првиот тренинг во новата календарска година. По одржаниот прв тренинг крилото на Вардар, Јованка Радичевиќ за клубскиот сајт ги искажа своите мислења за продолжението од сезоната.

„Секоја година имаме иста цел и годинава играме позрело и посериозно. Во првиот дел ова го покажавме, и можеби е сѐ уште рано да се предвидува, следи главниот дел од натпреварите но сега се познаваме многу подобро од лани. И сега доволно е да се погледнеме во очи и да знаеме која што мисли. Искрено, на натпреварите од регионалната лига очекувам дека тренерите ќе им дадат шанса на сите играчи за да се подготвиме колку што е можно подобро за она што следува во Лигата на шампионите. А, се разбира амбицијата е секогаш да се победи и освои теренот независно од противникот“, вели Јованка Радичевиќ.