Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Дибирова: Во екипата имаме многу квалитетни и искусни играчи и девојки на кои им е потребно повеќе да играат, а немаме доволно натпревари кои ќе бидат добри за нив
Дибирова: Во екипата имаме многу квалитетни и искусни играчи и девојки на кои им е потребно повеќе да играат, а немаме доволно натпревари кои ќе бидат добри за нив

Дибирова: Во екипата имаме многу квалитетни и искусни играчи и девојки на кои им е потребно повеќе да играат, а немаме доволно натпревари кои ќе бидат добри за нив

Тренерот на ЖРК Вардар, Ирина Дибирова за прв пат прозиваше во новата календарска година. На првиот тренинг присуствуваа сите играчи, покрај нив се враќа и Мирјета Бајрамовска која мака мачеше со повреди во првиот дел од сезоната. За клубскиот сајт Дибирова го изјави следното:

„Во првиот дел од сезоната победивме на сите натпревари, но никако не можам да бидам задоволна од покажаното, зашто имавме некои грешки кои во следниов период мора да ги поправиме. Мислам дека можеме и подобро да играме. Младите ракометарки, пак, би сакала во идниот период да добијат поголеми шанси, но имаме многу тешка група во Лигата на шампоните и ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Во екипата имаме многу квалитетни и искусни играчи и девојки на кои им е потребно повеќе да играат, а немаме доволно натпревари кои ќе бидат добри за нив. Ќе се обидеме да ги усогласиме потребите, сега следат натпреварите од регионалната лига, каде очекувам тие повеќе да играат и потоа да помогнат и во натпреварите од главната фаза од Лигата на шампионите”, вели тренерот на Вардар Ирина Дибирова и дополнува дека првите натпревари од регионалната лига ќе се искористат за воигрување:

Пред продолжување на натпреварите во ЛШ, ни претстои третиот регионален турнир кој ќе се одигра во Скопје.

„Мислам дека и Будуќност и Крим нема да играат во ВРХЛ лигата со полна сила, но секој натпревар мора да се победи. Ни претстои да работиме на физичка подготвеност, како и индивидуална подготвеност на играчите, следи многу тимска работа, ќе се обрати внимание и на тактика, и особено на физичката кондиција, зашто и првиот натпревар од Лигата на шампионите е против Мец, чии играчи се многу физички силни“, вели таа.