Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски: Чест е да те бара клуб како Вардар, таква понуда не се одбива
Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски: Чест е да те бара клуб како Вардар, таква понуда не се одбива

Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски: Чест е да те бара клуб како Вардар, таква понуда не се одбива

Утрово на својот официјален веб-сајт, ФК Вардар објави дека пред почетокот на зимските подготовки, се засили со три нови имиња. Клубот официјално ги престави со тројцата досегашни фудбалери на Пелистер, Кристијан Тошевски, Јован Попзлатанов и Матеј Цветаноски.

Сите трајца дадоа официјални изјави при моментот на преставување. Младиот 20-годишен играч Матеј Цветаноски, за кој пред пет дена ве известивеме дека е договорен (види) зборува за тоа што значи за него да си дел од најголемиот македонски фудбалски бренд и за очекувањето во иднина во неговиот нов клуб, тој вели:

16016-cvetanoski-presrekjen-sum-shto-potpishav-za-najdobriot-klub

Супер се чувствувам. Станав дел од најдобриот клуб во Македонија, и пресреќен сум. Секој играч сака да настапува во Вардар. Не знам како да го опишам ова чувство. Мислам дека нема соодветни зборови. Со нетрпение очекувам да почнам во новиот клуб, да почнам да тренирам и да играм во дресот на Вардар. Подготвен сум за овој предизвик. Знам дека тука треба повеќе работа и залагање за да се докажам пред стручниот штаб. Меѓутоа се надевам дека ќе ја оправдам довербата и ќе дадам се од себе да помогнам да дојдеме до двојната круна и да донесеме уште еден голем успех на клубот во Европа, како што беше и минатата година со пласманот во групната фаза од Лигата на Европа- вели Цветаноски.

Вчера ви донесовме фотографија од моменот кога Јован Попзлатанов потпиша 3.годишен договор. Младинскиот репрезентативец на Македонија игра на десната страна како крило и како бек, тој зборува исто така за тоа како е чуството да дојде во вардаровиот табор и за очекувањата.

16019-popzlatanov-chest-i-zadovolstvo-e-da-se-bide-del-od-vardar

На секој му годи кога ќе добие понуда да настапува во Вардар. Тоа е најдоброто нешто за еден фудбалер, и секој играч би сакал да настапува во најдобриот клуб. Не го кријам моето задоволство што сум ангажиран од страна на Вардар и чест и задоволство ми е што ќе бидам дел од овој клуб. Знам каде доаѓам, свесен сум дека притисокот е сосема поинаков и дека амбициите се далеку поголеми. Подготвен сум да одговорам на овој предизвик и верувам дека брзо ќе се прилагодам и адаптирам на новата средина.Посакувам да имаме добра втора полусезона, посакувам да ја одбраниме титулата, и Куп пехар. Мислам дека Вардар ги има најдобрите играчи, најквалитетниот тим, и сметам дека имаме квалитет и можност да дојдеме до тој успех.

Третото ново име е Кристијан Тошевски. Тој е македонскиот репрезентативец ги договори сите услови со нашиот тим, по што вардарци го ангажираа фудбалерот кој што игра на позицијата десен бек и доаѓа од таборот на Пелистер, а во минатото играше за тетовскиот тим Тетекс. За она што значи новиот предизвик и очекувањата од истиот тој вели:

16021-toshevski-ponuda-od-vardar-ne-se-odbiva

Од понудите услови сум задоволен, и кога ми стигна понудата, воопшто не размислував. Ја прифатив, и ете сега сум дел од Вардар, од клубот број еден во Македонија. Секој играч во Македонија, посакува да игра за овој тим, и едвај чекам да почнам да играм во нашиот најдобар клуб. Притисок секогаш има во големите клубови, но притисок има секаде во фудбалот, некаде помалку, некаде повеќе. Подготвен сум да се носам со сето тоа. Сепак, сите ние сме професионалци и тоа ни помага лесно да се адаптираме во секоја средина. Со повеќемина играчи ја делам соблекувалната во репрезентацијата, се дружам со нив. Ги знам добро речиси сите фудбалери на Вардар, и сето тоа ќе ми биде од голема корист за побрза адаптација во новата средина. Се надевам прво да ја оправдам довербата која ми ја укажа стручниот штаб и раководството на екипата. Посакувам и ќе дадам се од себе тимот да ја одбрани титулата шампион, а и во Купот да го освоиме пехарот. Зошто да не, мислам дека Вардар има квалитет да дојде до двојна круна.