ФК Вардар се активира на трансфер пазарот, донесено првото зимско засилување кај шампионот на Македонија. Младиот и талентиран играч Матеј Цветановски се одлучи, ќе го облече дресот на “црвено – црните”. Цветановски и Вардар се договорија па така нашиот играч го очекуваме на прв тренинг со новата екипа веќе в недела.
Цветановски има 20 години и потекнува од школата на Македонија ЃП. Во сезоната 2016-17 за Ѓорче со само 18 години одигра 32 натпревари за својот тим и постигна два гола. По добрите игри следуваше трансфер во Пелистер од Битола. Цветановски оваа есен кај “зелените” одигра вкупно 17 првенствени натпревари и постигна еден погодок, исто така ова лето одигра и два натпревари за Пелистер во квалификациите од Лигата на Европа.
Цветановски во овој момент e еден од најталентираните офанзивни играчи во ПМФЛ, Вардар уште минатата сезона сакаше да го доведе во својте редови но до тоа не дојде.
Добредојде во ФК Вардар!