Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Мартин Поповски постигна четири голови, додека Стоилов два, во победата на Македонија, над С.Арабија
Мартин Поповски постигна четири голови, додека Стоилов два, во победата на Македонија, над С.Арабија

Мартин Поповски постигна четири голови, додека Стоилов два, во победата на Македонија, над С.Арабија

Македонската ракометна репрезентација имаше успешна контрола на првиот натпревар, како подготовка за Европското првенство, кое за недела дена стартува во Хрватска. Избраниците на Раул Гонзалес усбедливо ја совладаа селекцијата на Саудиска Арабија (37:21) на првиот контролен натпревар.

Македонија имаше водство во текот на целиот меч, а уште по истекот на првите 30 минути ја најавивме победата, кога на полувреме имавме убедливо водство од 19:11. Само во првите шест минути од натпреварот С.Арабија беше рамноправен противник кога се играше гол за гол на двете страни. За брзо време, Македонија направи серија од неколку погодоци и постепено ја зголемуваше предноста, која на полувреме беше осум голови разлика. Во вториот дел продолживме со исто темпо на игра, на кое противникот не можеше да одговори и да парира на нашите момци.

Дел од репрезентацијата се и двајца играчи од редовите на Вардар, се работи за Поповски и Стоилов. Токму десното крило на Европскиот шампион, Поповски одигра одличен меч постигнувајќи четири голови, кој беше трет најдобар стрелец веднаш после Талески и Ојлески.  Стоилов беше стрелец на два гола.

Утре го играме вториот и последен контролен натпревар и тоа против соседната репрезентација на Србија. Овој дуел својот почеток го има од 18 часот.