Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар официјално ги престави новите засилувања: Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски
ФК Вардар официјално ги престави новите засилувања: Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски

ФК Вардар официјално ги престави новите засилувања: Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски

Вардар пред почетокот на зимските подготовки, се засили со три нови имиња во своите редови. Клубот, утрово официјално ги престави  со тројцата досегашни фудбалери на Пелистер,  Кристијан Тошевски, Јован Попзлатанов и Матеј Цветаноски.  Ние претходно во моментите на потпишување на договорите ве известивме за двајца од нив. Вчера ве известивме за потписот на Поп Златанов, а пет дена претходно и за договорот со  Матеј Цветановски.

Станува збор за млади македонски фудбалери кои се иднината на мак.фудбалот па затоа клубот направи одлична стратегија со нивното ангажирање и со потпишувањето на три годинишни договори со секој од нив.

Тошевски е роден на 6. мај 1994 година (23 години) во Тетово. Во досегашниот тек на кариерата настапуваше во Тетекс и во Пелистер. Тој во неколкуте квалификациски натпревари беше и стандарден член на македонската репрезентација за која има четири настапи. Игра на позицијата десен бек.

Попзлатанов има 21 година, роден е на 6. јули 1996 година во Скопје. Во сениорска конкуренција играше за Тетекс и Пелистер. Настапува на позицијата десно крило, но може да игра и како десен бек. Тој е актуелен младински репрезентативец на Македонија, член на селекцијата до 21 година.

Својата кариера Цветаноски ја почна во Македонија ЃП, а на почетокот на оваа сезона се пресели во таборот на Пелистер. Со своите 20 години (18.08.1997), Цветаноски е најмлад играч од сите тројца кои што го засилија Вардар оваа зима. Матеј е офанзивен играч кој што настапува и на левата и на десната страна, а игра и во средината како полушпиц, како и во нападот.