Вардаровата генерација родени “2004„ година со победа ја започнаа одбраната на шампионската титула во регионалната-скопска лига. Избраниците на Петар Ѓорѓиески успеаа во дербито да ја победат екипата на Шкендија со резултат 3:1.
Вардар го отвори резултатот на самиот почеток од втората половина на првиот дел, реализатор на голот беше Серафимов Давор за”црвено – црните”. Со овој резултат се замина на пауза. Во вториот дел, односно во 10. минута од истиот, Вардар дојде и до 2:0 со голот на Гуџуфи Бесар. По пет минути, истиот играч Гуџуфи Бесар стрелаше уште еднаш прецизно за веќе убедливи и сигурни 3:0 за нашиот тим. Противникот до крајот на дуелот успеа само да го ублажи поразот со гол во 74. минута за конечни на оваа средба 3:1.
Вардар: Ангелов, Дошев, Павлески, Каровски, Милошевски, Јаневски, Анчевски, Идризи, Гуџуфи, Серафимов, Перковски.
Во игра влегоа уште и Горазд Попов, Стефан Стојановски и Левент Ибраим.