Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > (ФОТО) Три финалиња за Вардаровите генерации на турнирот “Кул Куп 2018„
(ФОТО) Три финалиња за Вардаровите генерации на турнирот “Кул Куп 2018„

(ФОТО) Три финалиња за Вардаровите генерации на турнирот “Кул Куп 2018„

Сите три генерации на ФК  Вардар се пласираа во големото финале на турнирот “Кул Куп 2018„. Тоа се генерациите родени “2007„ “2008„ и “2009„ година кои ги добија полуфиналните натпревари и од 16:30 часот ќе се борат за првото место на турнирот.

41316601_1846804538699717_7542478139650211840_n

Генерацијата “2007„ немаше поголеми проблеми во полуфиналниот дуел против Нова Колонија, кој го доби убедливо со резултат од 6:0. Голеадата ја отвори Стефан Младеновски, откако претходно асистираше Поповски, за водство од 1:0. Избраниците на Чунга Лунга беа далеку подобриот тим на теренот, а противникот немаше сили да се надигрува со нашиот состав.

41423908_1846804838699687_8248362173730914304_n

Вториот гол беше на најмладиот Александар Грашески кој постигна гол за 2:0, на асистенција од Младеновски. Во листата на стрелци се запишува и новото засилување кое пристигна од Фамос, се работи за Мичо Поповски, гол со кој зголемивме на 3:0. Можевме да зголемиме веднаш, но Марко Киш ја погоди стативата, а Колонија се закани од прекин, но одбрани Јаневски.

41313778_1846804798699691_5739321495784521728_n

Втор гол на мечот постигна и Младеновски, со кој го означи крајот на првото полувреме, во кое Вардар имаше висока предност од 4:0. Во вториот дел ги чувавме силите за големото финале, но и покрај тоа постигнавме два нови гола. Уште едно засилување кое дојде од Фамос се запиша во листата на стрелци, тоа е Филип Смиљков кој зголеми на 5:0 и тоа со прекрасен гол од слободен удар. До крајот на натпреварот втор гол и за Мичо Поповски, за конечни 6:0. Во големото финале ќе играме со екипата на Кул.

41353147_1846804825366355_3228262612705738752_n

Генерацијата “2008„ помина уште една пречка до големото финале, овој пат избраниците на Крстев убедливо ја поразија екипата на Ујпешт од Унгарија. Резултатот конечен на овој натпревар беше 6:2. Арти Азизи беше играчот кој успеа да постигне прв гол и да го отвори резултатот за 1:0, но само по две минути противникот успеа да врати и да израмни на 1:1. Имавме добра прилика да го вратиме водството, кога Азизи нафрли до Бранковски, овој на прва ја удри топката која оди покрај голот. Сепак Вардар ја врати предноста преку капитенот Дамјаноски кој со лоб удар постигна убав гол и донесе 2:1 за црвено-црните. До крајот на првиот дел видовме уште многу голови.

41377037_1846804342033070_6110590821176705024_n 41393498_1846804348699736_3863390243155607552_n

Стоперот на Вардар, Матео Кесиќ знае често да се уфрла во противничката половина, така беше и овој пат кога постигна гол, за зголемена предност од 3:1. Не се чекаше многу на нов гол, кога на асистенција од Киш, повторно погоди Ненад Дамјаноски, за 4:1.По уште еден гол на двете страни до крајот на првиот дел. Најпрво Ујпешт намали на 4:2, за Вардар да ја врати предноста од три гола, преку Коста Бошковски за 5:2, откако повторно асистира Матеј Киш.

Во вториот дел се играпе цврсто, а екипите веќе беа заморни од напорниот турнир, но Вардар благодарение на високото водство од првиот дел, успеа да стигне до победа. Имаше Ујпешт неколку обиди кои Грчевски без проблем ги одбрани, а Стефан Марковски се погрижи за поубедлива победа и конечни 6:2 во ова полуфинале.

41382177_1846804552033049_7844511217841340416_n

Генерацијата “2009„ на Зоран Петковски уште еднаш себеси се надмина и направи нов подвиг со победата во полуфиналето против силната екипа на Форца. Пенал рулетот го реши победникот, а во него како подобар, посконцентриран и посреќен се покажа Вардар. Во регуларниот дел резултатот беше 1:1.

41250494_1846804358699735_5140432488685895680_n

Најпрво Форца го отвори резултатот за 0:1, за црвено-црните после неколку шанси да вратат со погодокот на Марко Петровски. Тој резултат беше актуелен и на полувреме, а во второто полувреме останаа мирни мрежите на двете екипи. Гледавме навистина голема борба и двете екипи имаа прилики пред време да го решат патникот во финалето, но не се случи такво нешто.

41457292_1846804142033090_3899854592808058880_n 41458848_1846804112033093_3115006670162362368_n

Во пенал серијата триумф на Вардар од 6:5. Во првата и шесттата серија и двете екипи промашија, додека во осмата серија најпрво Вардар погоди а Форца промаши и тоа значеше крај на ова полуфинале. Голема радост за Вардар, кој во финалето го чека тимот на Омладинац, единствениот тим кој успеа да не победи на турнирот. Во финалето се надеваме на поинаков исход.

41442520_1846804562033048_4621885371754479616_n