Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Вардар го „збриша“ Шкупи, помладите пионери стигнаа до третиот последователен триумф во лигата
Вардар го „збриша“ Шкупи, помладите пионери стигнаа до третиот последователен триумф во лигата

Вардар го „збриша“ Шкупи, помладите пионери стигнаа до третиот последователен триумф во лигата

Помладите пионери на ФК Вардар го „збришаа“ тимот на Шкупи, на меч од помладата-пионерска супер лига. На теренот на Аакдемијата, нашите млади надежи победија убедливо со резултат 7:0.

Тренерот Тодоровски се одлучи мечот да го започне со следниве 11-сетмина: Тасев, Ричков, Љушев (c), Јаневски, Павлески, Хајдари, Стојановски, Идризи, Ибраим, Гуџуфи.

Вардар уште во првото полувреме ја „збриша“ екипата на Шкупи, кога имаше високо водство од 4:0. Првиот обид го имаше Гуџуфи кој шутира над голот, откако Ричков нафрли топка од корнер. Избраниците на Рап Тап имаа целосна доминација на теренот, додека чаирската екипа беше отсечена на својата половина. Опасен удар за отварање на резултатот имаше Шкупи, но на голот го имаме одличниот Стефан Тасев кој го одбрани ударот. Вардар успеа да поведе со 1:0, со голот од белата точка на Никола Павлески. Претходно истиот играч беше фаулиран во противничкиот шеснаесетник, по што заслужено судијата покажа на белата точка, а сигурен реализатор беше токму Павлески. Продолживме со иницијативата и создавање на шанси пред противничкиот гол, од корнер нафрли повторно Ричков, највисок во скокот беше Гуџуфи, кој за малку со глава бие крај голот на чаирчани. После една голема грешка на стоперот на Шкупи, кој сакаше да дрибла пред својот гол, Бесар Гуџуфи му ја одзема топката и погодува за предност од 2:0, голема грешка на противникот, која ние немилсрдно ја казнуваме. Целосно се распадна Шкупи, додека Вардар продолжи да го полни нивниот гол.

5

Во листата на стрелци успева да се запише и Левент Ибраим, откако најпрво биеше Гуџуфи, одбрани голманот, додека на одбиената топка натрча Ибраим, кој донесе водство од 3:0. Мора да се одбележи одличната интервенција на нашиот голман, Тасев, кој од слободен удар на Шкупи, брани силен тешок удар по земја, Тасев сепак побрз од топката, брани и спречува намалување на резултатот. Нова прилика имавме преку Гуџуфи, откако Здравковски му асистираше, нашиот напаѓач бие, но голманот со крајни напори успева да одбрани. Нова добра акција за вардарци, Левент бие во завршниот удар, но брани голманот, а шанса имаше и Здравковски кој на додадена топка од Ричков бие од прва, но противничкиот голман го брани ударот. Во последната минута од првото полувреме во листата на стрелци успеа да се запише и Стефан Стојановски кој погоди за предност од 4:0.

3 4 6

На стартот од второто полувреме беа направени три измени во нашите редови. Во игра влегоа Попов, Стоимов и Дошев, на местото на Идризи, Здравковски и Хајдари. Првата голема прилика во овој дел од мечот ја имаше тимот на Шкупи, после пресечена топка противникот направи брза акција, од пет метри биеше еден од нивните играчи, но топката оди крај голот. Вардар не пропушти ниту во второто полувреме до врв да ја наполни мрежата на гостинскиот тим. Бесар Гуџуфи со својот втор гол денес зголеми на 5:0.

1

Во игра се уште и Ивановски, Анчевски и Перковски. Токму Анчевски Никола се обиде од слободен удар, одличен шут на нашиот играч, но одбрани голманот на Шкупи кој исфрли во корнер. После една добра акција на вардарци, Лука Ивановски додаде до Димитар Стоимов, овој нафрли во противничкиот шеснаесетник, а таму Бесар Гуџуфи повторно со големо чусвство, со глава го лобува голманот за водство од 6:0. До крајот на мечот, видовме уште погодок во мрежата на Шкупи, повторно дело на Гуџуфи, четврти гол за нашиот напаѓач денес, кој ги постави конечните 7:0 на овој дуел од 4.коло во помладата пионерска супер лига.

Ова беше вкупно трета победа во серија за пом.пионери на ФК Вардар.