Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер.2009 триумфално во средбата против ФК Кул во Детската лига
ФК Вардар генер.2009 триумфално во средбата против ФК Кул во Детската лига

ФК Вардар генер.2009 триумфално во средбата против ФК Кул во Детската лига

ФК Вардар(1) генерација 2009 на Игор Кралевски денес дојде до победа на дуел од Детската лига. Вардарци ја совладаа екипата на ФК Кул со резултат 4-2 (1-1) во еден динамичен дуел.

b2-2

Ние тргнавме офанзивно прва прилика имаше Јаков Стојковски, чиј удар не беше крунисан со погодок за отварање на резултатот. Потоа силен удар упати Матеј Николов, за жал топката заврши во надворешниот дел од мрежата. Повторно се обиде и Јаков Стојковски, овој пат од корна сепак голманот на ФК Кул беше на место и спаси погодок, потоа и од игра истиот играч се закани. Нашата голема офанзива беше наградена, поради честите исфрлања во корна добивме казнен удар. Умешно истиот во гол за 1-0, го претвори Дарин Михајловски, тој одлично изведе и го отвори резултатот. Од една од ретките шанси кои ги создадоа Кул изедначија, во следниот напад погодија за 1-1, со тој резултат заминавме на пауза.

b-2

Вториот дел започна со шанси на денес активниот Дарин Михајловски, тој се обиде двапати да постигне втор погодок и да го врати водството. Конечно преку Васко Папаливски, успеавме да го вратиме водството и поведовме со резултат 2-1. За жал многу работевме за водство, а веднаш дадовме да ни го анулираат, по еден наш кикс тимот на Кул изедначи на 2-2.

b3-2

Сепак нашите момци се карактерни, одиграа одлично потоа, Кралевски од клупата ги насочи на офанзива. Дарин Михајловски погоди за 3-2, ние потоа имавме офанзва и нереализиран пенал. Конечните 4-2 за победа ги постави Вилијам Ангеловски, со неговиот гол дојдовме до нова победа во детската лига.