Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар во Запорожје ќе ја минува бројката 4.000 гола во ЛШ
РК Вардар во Запорожје ќе  ја минува бројката 4.000 гола во ЛШ

РК Вардар во Запорожје ќе ја минува бројката 4.000 гола во ЛШ

Утре, европскиот првак нашиот РК Вардар гостува кај Мотор Запорожје во дуел од ЛШ. Ова е втора средба со украинскиот тим, првата пред неколку седмици на која бевме поразени беше дел од регионалната СЕХА Лига.

На натпреварот кој ќе се игра во Запорожје, во недела од 17.00 часот по македонско време ние ќе атакуваме да ја минеме бројката 4.000 голови во елитната лига. Тоа е повеќе од очекувано, веројатно ќе стигнеме до истата и по првите 30.минути. На црвено-црните им „фалат“ 11 погодоци до таа бројка, нашиот тим досега има постигнато 3.989 голови. Ние сме во шанпионски ритам, имаме две победи во ЛШ и со максимални 4.бода патуваме како лидери на табелата.