Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Јовчев за мирна мрежа на вардаровите пионери и после 4.коло, црвено-црните без проблеми во дуелот со Шкупи
Јовчев за мирна мрежа на вардаровите пионери и после 4.коло, црвено-црните без проблеми во дуелот со Шкупи

Јовчев за мирна мрежа на вардаровите пионери и после 4.коло, црвено-црните без проблеми во дуелот со Шкупи

Пионерите на ФК Вардар стигнаа до четвртата последователна победа оваа сезона, откако на домашен терен ја победија екипата на Шкупи (3:0).

Тренерот Стефановски се одлучи мечот да го стартува со: Јовчев, Давков, Сељанац, Ѓоргоски, Ѓорѓиевски, Давидовски (c), Стојчевски, Андрески, Живков, Мирков, Стојановски.

Вардар по првото полувреме го реши победникот на овој дерби дуел од 4.коло во пионерската-супер лига. Екипата од Чаир испушти голема прилика да го отвори резултатот на овој меч, откако главниот судија им додели сомнителен пенал. Сепак за да се истера правдата, нашиот голман, Гоце Јовчев со одлична интервенција го прочита ударот на противничкиот играч и успеа да го одбрани ударот од белата точка, па резултатот остана непроменет. Вардарци тргнаа офанзивно, само за да докажат дека неслучајно минатата сезона успеаа да ја освојат двојната круна. Првата прилика во нашиот состав ја имаше Стојановски, кој бие силно, но со крајни напори гоманот на Шкупи одбрани и спречи негатива за својот тим. Се обиде и Давков, но повбторно се истакна гостинскиот голман. Георг Стојановски со брзи чекори тропа на вратите на првиот тим, нов одличен погодок за голгеторот на вардаровите пионери, кој од тежок агол, со силен удар ја закова топката во голот на Шкупи, за предност од 1:0.

2 3 5 6 7

Избраниците на Гаге ја контролираа играта и наметнаа силно темпо на игра, на кое противникот не можеше да парира. Пред да го постигнеме вториот гол, се обиде Мирков, кој од слободен удар биеше над голот. Сепак во следната акција, токму Антонио Мирков успеа да го матира голманот на чаирчани, откако биеше по земја, топката најпрво ја погоди стативата па заврши во голот, а гоманот на Шкупи сето тоа го проследи без да реагира, веќе имавме водство и од 2:0. Андрески можеше лесно да се запише во листата на стрелци, откако после еден удар ја погоди пречката, додека со својот прв гол денес, Андреј Стојчевски зголеми на 3:0, а претходно проследивме нова добра одбрана на Јовчев, кој денес бранеше феноменално и одлично го замени Лука Стојковски, кој се повреди на последниот тренинг на неговиот тим и денес не беше во можност да биде во составот. Последната голема прилика во првиот дел ја имаше Живков, кој можеше да зголеми, но од чиста ситуација биеше само крај голот. По првите 45 минути имавме високи 3:0 предност.

Првата измена во нашите редови, во игра влезе Трпезановски, на местото на Андрески. Првиот директен удар во вториот дел го имаше противникот, кој биеше крај нашиот гол. Стојановски Георг беше играчот кој имаше две прилики, но двете му ги одбрани гостинскиот голман, па резултатот остана непроменет. Во второто полувреме во игра ги видовме уште и Марковски и Тасевски.

4

Со нова одбрана повторно се истакна Јовчев, кој може да се каже дека е најзаслужен што денес имавме мирна мрежа и ја продолживме серијата од четири меча без примен погодок во лигата. До крајот на дуелот шанса имаше и Стојчевски, но голманот на Шкупи успешно одбрани. На крајот триумф за Вардар со резултат 3:0.

Ова беше четврта победа во серија за вардаровите пионери, кои имаат гол разлика од 13 постигнати и ниту еден примен гол, што само говори за супериорноста на црвено-црните.