Monday ,14 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Младинците на ФК Вардар со висока победа во гости кај Шкупи, кадетите без бодови
Младинците на ФК Вардар  со висока победа во гости кај Шкупи, кадетите без бодови

Младинците на ФК Вардар со висока победа во гости кај Шкупи, кадетите без бодови

Момците на Филип Деспотоски, младинците и кадетите на фудбалскиот клуб Вардар остварија половичен успех на денешните гостување кај соодветните екипи на ФК Шкупи во дуелите од четвртото коло.

Младинците на Вардар повторно одигаа одличен дуел, победивме со 0-3 (0-2) во мечот со младинскиот тим на ФК Шкупи. Ние тргнавме офанзивно по првата судиска свирка, успеавме после една треттита од првиот период да обезбедиме капитална предност. Веќе по пет минути игра поведовме со 1-0, стрелецот за отварање на овој дуел беше Цури Аљдин. Нашата офанзива беше наградена со гол за удвојување на водството, во 15.минута за 2-0 погоди Трајановски Дамјан. Во продолжението со офанзивна игра успеавме да ја сочуваме предноста и да заминеме на одмор со 2-0.

Во вториот дел продолживме со исти ритам, постојано имавме посед и успавме додатно да ја зголемиме предноста. На 20.минути пред крај на дуелот топка доби Костовски Далибор, истиот успеа да постигне гол за предност со недостижни 3-0. Потоа се покажа дека до нови три бода дојдовме токму со тој резултат, ние сега имаме 9.бода по 4.кола во младинскиот шампионат.

Вардар: Андов,  Зендели, Мирчевски, Костовски, Манасиевски, Мицески, Хасановиќ, Цури, Демири, Ристовски и Трајановски.

Кадетите на ФК Вардар забележаа минимален пораз на ова гостување кај екипата на ФК Шкупи. Нивните врсници успеаа да победат со минимални 1-0 (1-0) на овој кадетски натпревар. Се се сличи по првата судиска свирка, веќе во првата минута домаќинот на оваа средба погоди за 1-0.

Потоа во текот на двете полувремиња двата тима се обидуваа да постигнат гол, но не успеаа во тоа. Тој ран погодок им донесе три бода на Шкупи на оваа кадетска средба која е дуел од 4.коло. Ние имаме досега две победи и два пораза.

Вардар: Китановски, Петејчук, Асани, Радуловиќ-Величковиќ, Ѓурковски, Крстевски, Игнатов, Омерагиќ, Речица, Салиу и Гугуљанов.