Поради директниот црвен картон на натпреварот во средата против Шкендија, Вардар ќе мора во следните два натпревари да настапи без својот организатор на играта, Дарко Мицевски.
Мицевски поради невнимателниот старт и директниот црвен картон, автоматски ги пропушта утрешниот натпревар со Академија Пандев на домашен терен и дуелот против Шкендија во Тетово, исто така во рамките на ПМФЛ. Поради директниот црвен картон и Мици кај Шкендија се соочува со истата казна.
Се очекува на утрешниот натпревар местото на Мицевски да го завземе младиот Али Адем. Инаку, со победа утре, Вардар ќе и побегне на Шкендија на девет бодови предност.