Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар ген.2007 доминантно „гази“ , Шкупи и Њу Старс немоќни пред момците на „Чунга“
ФК Вардар ген.2007 доминантно „гази“ , Шкупи и Њу Старс немоќни пред момците на „Чунга“

ФК Вардар ген.2007 доминантно „гази“ , Шкупи и Њу Старс немоќни пред момците на „Чунга“

Денес во рамки на Детската Лига, ФК Вардар генерација 2007 одигра два меча на терените на ФФМ. Момците на Горан Петревски-Чунга дојдоа до две убедливи победи на овие средби.

ФК Вардар(2) генер.2007 во мечот со ФК Њу Старс(2) одигра еден дуел во кој доминираше во текот на двете полувремиња. Ние имавме огромен број на шанси, постигнавме три гола. Победата дојде со резултат 3-0 (2-0) на ова средба.

g2
Првиот дел беше приказна сама за себе, имавме 15сетина шанси пред да погодиме. Најпрвин се обидоа Никола Јовановски, Михаил Јорданоски и Филип Смиљков. Потоа прилики имаа Лука Рајчин, Иван Блажевски и Димитар Фидановски кој со глава шутна од само 3.метра, но голманот исфрли во корна. Нововлезените, Војо Стојановски и Петар Котевски ги пробаа шутевите и по нивните обиди не успеавме да погодиме, ривалот беше целосно дефанзивен во првиот дел. Шансата на Керими Фуад беше последната нереализирана прилика, потоа конечно погодивме два пати. За 1-0 погоди Иван Блажевски , потоа шутна Војо Стојановски топката се одби до Блажевски Иван кој непогрешливо погоди втор пад несе, овој пат за 2-0. Последна прилика во првиот дел имаше Никола Јовановски.

g1

Вториот дел започна со шанса на ривалот, на нашиот гол одличен беше Јовица Спасовски. Потоа прилики имаа Лука Рајчин, Михаел Јордановски и Иван Блажевски. кои исто така не успеавме да ги погодиме. Противникот до средината на вториот дел имаше само еден обид, оној на почетокот гоа Спасовски одлично одбрани, во целото друго време беа во „бункер“ пред својот гол. По асистенција на Рајин, погоди Михаил Јорданоски за високи 3-0. Нашата победа веќе се насетуваше, ние го разбивме дефанзивниот поредок на ривалот. До крајот повторно „наредивме’ голем број прилики, по две имаа Мичо Поповски и Михаил Јордановски. Последна прилика како и во првиот дел имаше Никола Јовановски, победата дојде со резултат 3-0.

g4

ФК Вардар(1) се сретна со тимот на Шкупи, моците во црвено-црни дресови доминираа на ова средба. Победата ја оставивме со резултат 9-0 (4-0).

Отворивме веднаш по првата судиска свирка, Марко Киш по само 20.секунди со удар од дистанца стрелаше за 1-0. Противникот се закани, со атрактивен пад во нозе, Даниел Исајловски ја остани опасноста. Голема прилика пропуштивме преку Стефан Младеновски, кој не погоди од непосредба близина. Капитенот, Александар Грашески поведе една топка, шутна силно по земја од дистанца и го удвои водството, стрелајќи за 2-0. Чаирчани се заканија уште еднаш, Исајловски беше одлично позициониран и прифати, фрли контра која Грашесски ја круниса со гол за високи 3-0. Се беше решено, ривалот беше совладан веќе во тие моменти некаде на средината на првиот период. Шаботиќ Емир упати одличен удар кој заврши крај голот на Шкупи. Во последните 10.минути имавме по две прилики на Стефан Младеновски и Александар Грашесски, еднаш се обиде и Лука Атанасовски. Печат на првиот дел стави Стефан Младеновски кој погоди за 4-0, резултат кој беше на сила за време на одморот помеѓу дела.

gg-2

Вториот почна со прилика на Борјан Томовски, голманот успеа да одбрани со крајни напори. Сепак неможеше веднаш потоа да го сопре ударите на Младеновски Стефан. Нашиот напаѓач во само 60.секунди погоди два пати за предност со високи 6-0. Капитенот Грашесски поведе една топка по крило, исфрли два чувара умешно асистираше до Младеновски кој денес е непогешлив и погоди за 7-0. Со неговиот втор гол денес Киш го удвои водството од првиот дел, црвено-црниот тим поведе со 8-0. Марко Крстевски се обиде да погоди откако мина неколку играчи, неговиот удар одбраната на Шкупи го исфрли во корна. До крајот се беше рутина, ние победивме со резултат 9-0, а за нас погоди петти пат денес одличнот Стефан Младеновски.