Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Прва победа за Вардар Јуниор во новата сезона, голем триумф за младите вардарци на гостувањето во Струга
Прва победа за Вардар Јуниор во новата сезона, голем триумф за младите вардарци на гостувањето во Струга

Прва победа за Вардар Јуниор во новата сезона, голем триумф за младите вардарци на гостувањето во Струга

Екипата на Вардар Јуниор стригна до првиот триумф оваа сезона во рамките на машката Супер лига. Избраниците на Петрушевски и Манасков славеа на гостувањето кај екипата на Струга (23:24).

Младите вардарци подобро го отворија мечот кога имаа на два пати водство од два гола разлика (1:3 и 2:4) беше за Вардар Јуниор, за домашниот тим да врати со два гола во серија и да го израмни резултатот на 4:4, за во следните минути да стигне и до прва предност од 6:5. Од тие моменти, па се до крајот на првото полувреме, се играше гол за гол на двете страни и ниту една од екипите не успеаа да се одлепат на разлика поголема од еден гол. На полувреме, Струга беше тимот кој имаше минимална предност од 13:12.

И во вториот дел гледавме рамноправен меч, долго време ниту една од екипите не успеаа да се стекнат со солидна предност, која ќе ги доближеше до победата. Вардар Јуниор повторно со мини серија се одлепи на два гола разлика 16:18 и 17:19, за домашниот тим да врати со серија од 3:0 и да поведе со 20:19. Сепак во финишот на мечот, поприсебен се покажа Вардар Јуниор, кој славеше победа 23:24, прва за овој млад состав во новата сезона.

Стефан Крстевски беше најефикасен во нашиот состав со 6 голови, додека крилото Чакалиќ Стефан постигна 5.

ВАРДАР ЈУНИОР: Гогов, Јанковски, С.Чакалиќ 5, С. Крстевски 6, Гашовски 3, Јакимовски 4, Димевски, В. Крстевски 2, Х. Чакалиќ, Андоноски 2, Анѓелковски, Стојановски, Анѓеловски, Трајковски, Атанасовски 1, Дука 1.