Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Помладите пионери ја надиграа Шкендија, прв пораз сезонава за пионерите на ФК Вардар
Помладите пионери ја надиграа Шкендија, прв пораз сезонава за пионерите на ФК Вардар

Помладите пионери ја надиграа Шкендија, прв пораз сезонава за пионерите на ФК Вардар

Денес во рамките на 3.коло од пионерските лиги, натпревари одиграа пионерските екипи на ФК Вардар кои гостуваа во Тетово, кај екипата на Шкендија.

До триумф стигнаа помладите пионери на Вардар кои славеа победа со резултат 2:5. Уште во 4.минута од натпреварот успеавме да го отвориме резултатот кога противничката мрежа ја погоди капитенот Никола Величковски за водство од 0:1. Нашата радост не траеше долго со оглед дека домашниот тим во 13 минута успева да врати и да го израмни резултатот на 1:1. Сепак нашите млади надежи денес беа подобриот тим на теренот, повторно со голот на Величковски успеваме да поведеме со 1:2 во 21 минута од дуелот. До крајот на првиот дел го зголемивме водството на 1:3 и тоа во 44 минута со голот на Арбин Курти.

По само две минути игра во второто полувреме, домашниот тим се закани на нашето водство кога намали на 2:3, но тоа беше се од домашниот тим на овој натпревар. Избраниците на Стефановски-Гаге не се откажаа од помислата дека можат да ги освојат сите бодови на овој дерби натпревар. Се играше 53.минута од натпреварот кога со голот на Филип Јовановски зголемивме на 2:4, додека истиов играч во 88 минута ги постави и конечните 2:5 на натпреварот.

Ова беше вкупно трета победа од исто толку одиграни натпревари за нашите помлади пионери.

ФК Вардар: Илиевски, Фидановски, Серафимов, Здравковски, Стојилевски, Јовановски, Спасиќ, Величковски, Цветков, Курти, Дошев.

За жал, нашите пионери беа поразени во дуелот со Шкендија и ова е прв пораз сезонава за момците на Рап-Тап. На натпреварот победи домашниот тим со резултат 2:1.

По првото полувреме, екипата на Шкендија беше во предност од 2:0, додека Вардар го намали резултатот во 64 минута преку Огнен Здравковски, но недоволно да се избегне првиот пораз сезонава.

ФК Вардар: Апостоловски, Стојановски, Анчевски, Јаневски, Каровски, Љушев, Попов, Хајдари, Перковски, Здравковскки, Стоимов.