Нови три генерации на фудбалскиот клуб Вардар ќе земат учество на силниот турнир во Бугарија, „Пирин Куп“. Тоа се генерациите на Вардар составени од играчи кои се родени 2004, 2006 и 2009 година. Веќе се познати и противниците во групната фаза за вардаровите надежи.
Во генерацијата 2004 учество ќе земат осум екипи поделени во две групи. Избраниците на Рап-Тап се дел од групата Б, во која се и екипите на Хебар, Димитровград и Черноморец Бургас.
Генерацијата 2006 на Филип Спасески се наоѓа во групата Б, заедно со екипите на ЦСКА Софија, Димитровград и Хебар. Во оваа генерација ќе се натпреваруваат вкупно 12 екипи поделени во три групи.
Првите официјални натпревари со генерацијата 2009 ќе ги има и новиот предводник на оваа екипа, се работи за Никола Глигоров, кој во пролетниот дел ќе биде задолжен за оваа генерација. Нашите момчиња ќе бидат во групата А, во која се екипите на Шипка, Национал, Ферион и Брестник.
Нашите генерации во текот на утрешниот ден ќе заминат за Сандански ( Бугарија), а турнирот ќе се одигра во периодот од 13-16 февруари.