Генерацијата 2007 на фудбалскиот клуб Вардар го освои бронзениот медал на силниот меѓународен турнир „Пирин Куп“. Во конкуренција на 16 екипи, избраниците на Горан Петрески на крајот стигнаа до третото место на турнирот.
Сиот „бес“ во борбата за третото место го истуривме на екипата на Спартак Пловдив, која ја растуривме со резултат 7:0. Момците на „Чунга Лунга“ беа немилосрдни на овој меч, полнејќи ја мрежата на противникот, како утеха за неправдите што им се случија во полуфиналниот меч против екипата на Национал Софија.
Вардар славеше убедливо во дуелот со Спартак Пловдив, со конечен резултат од 7:0. Свое гол шоу на мечот имаше нашиот најдобар стрелец, Стефан Младеновски кој успеа да постигне хет-трик. Борјан Томовски успеа да постигне два гола, додека по еден беа дело на Александар Грашески и Иван Блажевски.
Во моментов се игра големото финале на турнирот, меѓу екипите на ЦСКА Софија и Национал од Софија.